Средбата на врвот на Асоциацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), на која треба да бидат разгледувани најразлични теми – од тероризмот до ситуацијата во Јужнокинеското Море, започна денеска во главниот град на Лаос, пренесува БТА.
Во АСЕАН членуваат 10 држави – Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.
Форумот уследи по серијата средби помеѓу земјите во регионот и по средбата помеѓу раководителите на земјите од АСЕАН и лидерите на САД, Кина, Русија, Индија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.
Претседателот на САД, Барак Обама пристигна синоќа во Лаос и в четврток ќе учествува на средбата.