Србите, а не древните Маи, се виновни за најавениот крај на светот на 21. декември, пишуваат американските портали.
Според пишувањата, Нострадамус во катренот 86 од неговото пророштво вели:
“И ќе дојде година со ѓаволски број во обратна насока (1999. година има три деветки, кои обратно се шестки, или бројот на сатаната), и тогаш ѓаволот ќе посака да направи светски конфликт за 13 години подоцна, целиот свет да биде уништен”.
– Јасно е дека 1999. година навистина дојде до глобален конфликт, бидејќи 19 земји од светот, односно НАТО влезе во конфликт со Србија, поради Косово, а целиот конфликт го започнале Србите со одбивање на мировниот договор со Албанците. Србите веројатно не слушнале за пророштва Нострадамус, но затоа предизвикале причина за крајот на светот кој нè очекува во петок 21. декември, така што народе, знајте, за крајот на светот не се виновни Маите, туку Србите, пишува порталот „Популар“, пренесуваат српските медиуми.