Спречен државен удар во Бразил: Уапсени државни службеници за заговор за атентат врз претседателот

Од:

Бразилската полиција уапси пет функционери обвинети за заговор за државен удар и за соборување на владата по изборите во 2022 година и убиството на претседателот Луис Инасио Лула да Силва, соопштија властите, пренесува „Асошиетед прес“.

Покрај Лула, пучистите планирале да го убијат и потпретседателот Џералд Алкмин и судијата на Врховниот суд, Александре де Мораес.

Бразилските медиуми јавуваат дека меѓу уапсените има четири воени лица и еден полицаец.

Извршени се вкупно три претреси, а на осомничените им се одземени пасошите и им е забрането да контактираат со други.

Судијата Александре де Мораес рече дека полициската истрага открила дека во заговорот биле вмешани членови на специјалните сили на армијата и пензиониран висок воен функционер.

„Целта беше да се спречи инаугурацијата на легитимно избрана влада и да се поткопа слободното практикување на демократијата и авторитетот на бразилското правосудство“, рече Де Мораес.

Апсењата уследија по изјавите на двајца од највисоките бразилски воени лидери кои ѝ кажаа на полицијата претходно оваа година дека поранешниот претседател Жаир Болсонаро им претставил план да го задржи на власт по изборите во 2022 година, кои тој ги загуби.

Сепак, и двајцата го отфрлија планот и го предупредија дека ќе го уапсат доколку се обиде, според судските документи објавени во март.

Претседателот Лула да Силва рано утринава беше информиран за апсењата, но допрва треба да се очекува негов коментар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Лула да Силва: Бразил и Кина предложија план за почеток на преговори меѓу Русија и Украина