Тест на крвта може да ја открие Алцхајмеровата болест во најрана фаза и години пред да се појават симптомите, велат новите научни студии спроведени во САД и Шведска.
Тестот пронашол мали количини протеини што луѓето ги имаат повеќе од дозволеното, а кои се главните детерминанти за појава на ова заболување. Истражувачите откриваат дека мерењето на овој протеин – p-tau217 може да ги дијагностицира раните фази на Алцхајмеровата болест со 96 проценти точност. Експертите велат дека со повеќе истражувања сегашниот експериментален тест би можел да стане алатка што лекарите може да им ја понудат на пациентите без симптоми.
Алцхајмеровата болест во моментот се дијагностицира со употреба на комбинација на тестови на меморија и скенирање на мозокот по појавата на симптомите. Идејата за тест на крвта за деменција не е нова, но овие две неодамнешни студии даваат најјасен показател дека протеинот поврзан со Алцхајмеровата болест може да се користи за да се дијагностицираат заболените во многу рана фаза. Раната дијагностика е важна затоа што може да понуди повеќе опции за лекување на болеста.
Алцхајмеровата болест ги нарушува меморијата и другите когнитивни способности со уништување на врските помеѓу нервните клетки во мозокот. Се смета за агресивна и неповратна дегенеративна болест, соопштија научниците од двете земји.