Снимките од воздух го покажуваат обемот на катастрофата во турските градови Газиантеп и Адана.
Еден човек изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека неговото семејство ќе умре кога земјотресот го потресе нивниот стан на петти кат во јужниот турски град Адана. „Никогаш не сум видел вакво нешто во мојот живот. Се нишавме речиси една минута“, рече Нилуфер Аслан.
Кога земјотресот престанал, Аслан истрчал надвор со семејството. „Не можев да понесам ништо со себе, стојам надвор со влечки“, рече тој, откривајќи дека четири згради околу неговата зграда се урнале.