Смртоносен руски напад врз родниот град на Зеленски – погоден е трговски центар, најмалку 14 мртви

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, а 121 беа повредени во руски напад врз трговски центар во украинскиот град Криви Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски.

Меѓу повредените има најмалку 22 деца.

Нападот се случи денеска попладне, кога руско беспилотно летало погоди прометна цивилна област во градот. Според украинските власти, бројот на жртви може дополнително да се зголеми, а по ударот во трговскиот центар избувна пожар, пренесува „Еуроњуз“.

Зеленски го осуди нападот како „циничен и кукавички“, нагласувајќи дека целта бил обичен трговски центар. Според него, нападот се одвивал во два брана.

Второто беспилотно летало ја погодило областа околу половина час по првиот удар, додека спасувачките операции веќе биле во тек, при што биле погодени и службите за итна помош.

„Светот мора да одговори на соодветен начин – преку вршење вистински притисок врз агресорот“, изјави украинскиот претседател.

Криви Рих, индустриски град оддалечен околу 60 километри од линијата на фронтот, е еден од градовите што често се цел на руски напади уште од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Небензја: Москва не се согласува на замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он