Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол се врати со својата сопруга и нивните 11 кучиња и мачки во стан во елитниот кварт во Сеул, во близина на обвинителството каде што отповикуваниот лидер работеше пред да влезе во политиката.
Јун и неговата сопруга Ким Кион Хи започнуваат нов живот откако тој е отповикан поради неуспешен обид да воведе воена состојба и е отстранет од функцијата.
Станот на парот од 164 квадратни метри е во комплекс во луксузната населба Гангнам јужно од реката Хан, а некои соседи изразија загриженост за враќањето на човекот кој толку ја поларизираше нацијата за време на неговиот мандат.
Околу 50 членови на претседателската безбедносна служба ќе бидат распоредени да ја чуваат двојката, која има право на заштита најмалку пет години, јавуваат јужнокорејските медиуми.
Трите кули од 37 ката кои го сочинуваат комплексот Акровиста се дом на повеќе од 750 домаќинства. Претходно, по напуштањето на функцијата, јужнокорејските претседатели се преселија во одвоени куќи кои нудеа многу поголема приватност.
Јун рече дека морал да прогласи воена состојба за да предизвика тревога поради немилосрднато опструкција на политичкиот процес од страна на неговите противници, што ја парализираше владата.
Комплексот Акровиста е изграден на местото на најголемата вештачка катастрофа во земјата – уривањето на голема стоковна куќа во 1995 година, во која загинаа 502 луѓе, а речиси 1.000 други беа повредени.