Наташа Пирц Мусар стана првиот жена-претседател на Словенија во историјата на таа земја.
По затворањето на избирачките места, беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите, а Пирц Мусар доби 53,91 отсто од гласовите.
Нејзиниот противкандид Анже Логар доби 46,09 отсто од гласовите и го призна поразот.
„Благодарам на сите што гласавте. Му честитам на Логар, му посакувам многу среќа во иднина. Во изминатите пет месеци докажавме дека е можно да се комуницира со почит. На Словенија и требаат такви луѓе, и требаат такви политичари“, изјави Пирц Мусар, пренесува љубљански весник.
Таа додаде дека „Словенците јасно кажале каква Словенија сакаат“.
„Со гордост ќе влезам во претседателската палата. Ќе дадам се од себе да бидам претседател на сите граѓани и ќе се борам за демократија“, додаде Пирц Мусар.
Таа ќе ја преземе функцијата на 23 декември и ќе го замени претседателот во заминување Борут Пахор.
Овие претседателски избори се седми во историјата на независна Словенија. Милан Кучан беше претседател во два петгодишни мандати, по него со Словенија претседаваа Јанез Дрновшек и Данило Турк, а потоа и Борут Пахор во два мандати.