Силен земјотрес во Мјанмар, 12 жртви

Од:

Мјанмар е погодена од силен земјотрес во кој има најмалку 12 жртви, а  предизвика и огромни штети.

Властите соопштуваат за 12 загинати, но неколку градежни работници се исчезнати.

Епицентарот на потресот, со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала, бил на околу 60 километри од Мандалеј, на длабочина од околу 10 километри.

Жителите на Бангкок, престолнината на соседен Тајланд, исто така, го почувствувале потресот.

Претставник на метеоролошката служба во Мандалеј прецизира дека епицентарот бил во близина на градот Швебо.

Земјотресот бил регистриран во 7,41 часот утринава. По него следеле неколку силни вторични потреси во реонот, но нема информации за сериозни разурнувања.

Според локалните медиуми, од потресот се урнал недоизграден мост на реката Иравади.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ