Сијарто: Унгарија нема да поддржи продолжување на санкциите против руски и белоруски поединци

Од:

Унгарија нема да гласа за продолжување на сегашните санкции против руски и белоруски поединци на претстојниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Треба да се остави време за американско-руски разговори, рече Сијарто во Вашингтон, пренесе МТИ.

Пред средбата со американскиот советник за национална безбедност, Сијарто рече дека „европските либерални политичари јасно сакаат Украина да ја продолжи војната и вршат притисок врз украинскиот претседател во таа насока“.

– Унгарската влада веќе е под огромен притисок во врска со продолжувањето на санкциите против руските и белоруските граѓани, рече Сијарто, додавајќи дека сегашните санкции истекуваат на 15 март, додека соодветната одлука мора да биде донесена до 10 март.

Сијарто претходно имаше и телефонски разговор со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси по што изјави дека нападите врз нуклеарните централи во Украина се „неприфатливи“, а мирот е најдобра гаранција за нивно избегнување.

Како што наведе, Гроси оценил дека иако нападот на централата во Чернобил со право предизвика загриженост во Унгарија, објектот може да издржи многу поголем удар.

– Затоа, ниту по инцидентот, ниту оттогаш нема закана од нуклеарна катастрофа, сите мерења потврдија дека радијацијата воопшто не е зголемена. Сепак, се согласивме дека нападите врз нуклеарните централи се неприфатливи и дека нуклеарната безбедност мора да биде загарантирана, напиша Сијарто на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Нема да ја оставиме Србија без енергетски ресурси

Сијарто испраќа мрачно предупредување до Европа

Ќе ги блокираме сите одлуки на ЕУ насочени кон ескалација на вооружениот конфликт во Украина, вели Сијарто

Сијарто е дециден: Трамп е единствената надеж за мир

САД не се откажуваат од самит со Русија: Сијарто потврди дека разговорите се во тек

Сијарто: Судот што ги штити саботерите на „Северен ток“ не може да го уапси Путин