Сијарто: Крајот на војната во Украина е поблиску од кога било поради преговорите меѓу Русија и САД

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека, благодарение на руско-американските преговори, крајот на војната во Украина сега е поблиску отколку кога било во претходните три години.

Тој рече дека Унгарија ја поддржува американската резолуција на ОН за Украина, додавајќи дека и Будимпешта е „коавтор“ на тој документ, пренесува МТИ.

Сијарто додаде дека „провоените, либерални европски лидери ја поттикнаа војната“, додека американскиот претседател Доналд Трамп „презеде огромни чекори кон ставање крај на конфликтот во Украина“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Брисел ја блокира евтината руска енергија од идеолошки причини

ВИДЕО: Протече снимка од телефонски разговор меѓу Лавров и Сијарто

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Прислушувањето на мојот телефон е скандалозно мешање во изборите

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Петер Сијарто: Ќе ги заштитиме нашите деца од родовата идеологија

Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена