Киев предложи да се воведе забрана за летови до Руската Федерација и Белорусија за руските бизнисмени и туристи да не можат да го користат небото над Европската Унија, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал.
Тој додаде дека таквиот чекор може да создаде „проблеми во логистиката за Москва, да ги зголеми нејзините трошоци, но и да предизвика непријатности“.
„Ќе инсистираме на такви санкции, убеден сум дека нашите партнери од Литванија, Естонија и Летонија ќе го поддржат нашиот предлог“, изјави Шмигал, пренесува РТ Балкан.