Најмалку шест лица загинаа, а 206 се ранети во пожар во административната зграда на саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ во источниот дел на Саудиска Арабија.
Пожарот избувна рано изутрината по локално време во мезанинот на шесткатната зграда во градот Хобар. Огнот потоа се проширил на останатите катови.
Некои од ранетите се во критична состојба.
Евакуирани се жителите на околните станбени згради.
„Сауди Арамко“ е најголемата нафтена компанија во светот и во неа работат 61 илјада лица од различни националности.