Сестра во САД на пациентите им инјектирала обична вода: Десет мртви поради нејзина грешка

Од:

Американскиот NBC5 News известува дека неколку пациенти во локалната болница во Медфорд, Орегон починале под чудни околности и дека е во тек полициска истрага.

Според нивните извори, 9 или 10 пациенти починале како последица на инфекција предизвикана од грешка на медицинската сестра, која наместо лек им инјектирала обична вода од чешма.

Сите ја добиле инфекцијата поради вода од чешма која не е стерилна, велат нивните извори. Инфекцијата што ја добиле пациентите е многу опасна за лицата во полоша здравствена состојба, како оние на одделението за интензивна нега. „Тоа може да предизвика сепса, тешка пневмонија, може да ги зарази сите органи“, рече еден од лекарите во болницата.

Полицијата во Медфорд одби да даде детали, само потврди дека ја истражува ситуацијата.

Засега никој не е обвинет за кривично дело. Медиумите пишуваат дека медицинската сестра сакала да ја прикрие злоупотребата на болничката залиха на лекови против болки.

Од болницата накратко соопштија дека се вознемирени за се и дека соработуваат со полицијата.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму