Се урна жичарница во Австрија, има повредени

Од:

Се урна жичарница во ски-центар во западна Австрија, при што се повредени четири лица, од кои едно е во животна опасност, соопшти полицијата.

Како што се наведува, во зимскиот центар Ектал, во Тирол, дрво паднало на кабелот и ја срушило гондолата, пренесува „Кронен цајтунг“.

Скијачкиот објект е привремено затворен, а тројцата повредени се пренесени во болницата Замс, додека тешко повредениот пациент со хеликоптер е пренесен во клиника во Инсбрук.

Полицијата и надлежните органи вршат увид, а засега нема повеќе информации за несреќата, ниту за идентитетот на повредените. Полицијата и управата на жичарницата најавија дека ќе ги испитаат причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он