Двајца пилоти од коалициските сили, предводени од саудиска Арабија, загинаа вчера, кога нивниот хеликоптер „апачи“ се урна на границата со Јемен.
Во соопштението од коалициските сили се наведува дека хеликоптерот се урнал во пограничната саудиска провинција Јизан и оти се истражува причината за несреќата.
Јеменските медиуми соопштија дека хеликоптерот бил урнат од бунтовничките шиитски сили Хути.