Саудиско кралство гради ѕид од 1.000 километри поради ИСИС

Од:

Саудиското кралско семејство гради ѕид долг 1.000 километри, со цел да го заштити своето кралство од џихадистите на ИСИС.

Како што пренесе „Јутарњи лист“, кралот Абдулах бин Абдулазиз ал Сауд уште во септември минатата година ја покренал првата фаза од проектот, односно во периодот кога исламистичките бунтовници го преплавија соседен Ирак.

Бариерата која ќе се состои од низа жични огради, надзорни кули и стражарски места, ќе содржи и термални камери и радари, кои можат да детектираат лица на одалеченост од 20, а возила на 40 километри.

Инаку ИСИС ја смета Саудиска Арабија за предавник на исламот, заради врските со Запад поради што ги повика „осамените волци“ да ја напаѓаат саудиската погранична полиција, шиитското малцинство и странците.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ