Саудискиот Имам нареди и бебињата да носат бурки

Од:

Саудискиот имам, шеикот Абдула Дауд, издаде фатва која наложува сите женски деца, па дури и бебињата, да носат бурки за да се заштитат од сексуално насилство.

Фатвата, што ја издаде Дауд за време на гостувањето на исламската ТВ станица Ал Маџд ја вознемири јавноста и наиде на остри критики.

Поранешниот судија на Саудискиот одбор за притужби шеикот Мохамед ал Џзлана рече дека оваа одлука е лоша за исламот и шеријатот, и дека ги прикажува во негативно светло.

Тој ги повика муслиманите да ги игнорираат таквите фатви, објаснувајќи дека постојат посебни правила кои одредуваат кој има право да ги издава.

Тој истакна дека го растажуваат сцени кога ги гледа семејствата кои шетаат со покриени деца и оцени дека тоа е неправда кон најмладите, пренесува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ