Саудиски воен авион Ф-15 се урна во областа на Персискиот Залив

Од:

Саудиски воени авиони Ф-15 се урна вчера во областа на Персискиот Залив за време на воена вежба над источната провинција. Саудиското Министерство за одбрана во понеделникот изјави дека авионот паднал во територијалните води на Саудиска Арабија и дека е на сила потрага по пилотот. Причината за уривањето во моментов е под истрага.

Според најновите информации, на кувајтската новинска агенција КУНА, пилотот е пронајден и го преживеал падот. Пред падот се катапултирал и се спуштил со падобран, но сепак бил пренесен во болница.

Авионот вчера полетал од воената база Крал Абдулазиз во источната провинција. Сличен инцидент се случи и во мај минатата година кога еден саудиски Ф-15 се урна во истата област, пилотот тогаш погина.

Саудиските воздухопловни сили во голема мера се составени од опрема и авиони од САД и од Велика Британија. Минатата година Вашингтон го најави договорот за продажба на нови F-15 во износ од 29,4 милијарди долари. Продажбата е договорена во декември минатата година и вклучува 84 нови авиони, модернизација на постоечките, проектили, резервни делови, обука, поправка и логистика.

Договорот предвидува испорака во текот на следните 15 до 20 години и исто така вклучува 70 воени хеликоптери Апачи, 72 хеликоптери Блек Хок, 36 лесни хеликоптери и илјадници ласерски водени “паметни” бомби.

Кралските воздухопловни сили на Саудиска Арабија (RSAF) во текот на годините се развиле од примарно дефанзивна во модерна напаѓачка сила. RSAF е трета по големина воздухопловна сила по бројот на F-15 авиони, веднаш зад САД и Јапонија. Главна компонента на воздухопловната сила на Саудиска Арабија е Боинг Ф-15 орел, зад него по важност следи Панавиа Торнадо.Во 2007 од Велика Британија за 4,4 милијарди фунти купија 72 воени авиони Еурофајтер Тајфун.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ