Саудиски граничар е убиен и десет се ранети откако граничен пункт бил гранатиран од планински реон во соседен Јемен, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во граничната провинција Асир.
Тоа е прва жртва на Саудиска Арабија во воената кампања што трае една недела при што се бомбардираат позиции на шиитските бунтовници Хуси во Јемен.