Саудиска Арабија објави едностран прекин на огнот во Јемен

Од:

Саудиска Арабија објави едностран прекин на огнот во Јемен, што ќе започне на 12 мај и ги повика шиитските бунтовници хуси и нивните сојузници да ги прекинат борбите.

Засега нема информации дали бунтовниците хуси се подготврени да го прифатат прекинот на огнот.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал Џубер на заедничка прес конференција во Париз со американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека прекинот на огнот ќе почне во вторник, во 23 часот по локално време.

„Хуманитарната пауза“, исто така, може да биде обновена во зависност од сработката на бунтовниците, кои ја протераа од земјата меѓународно признатата власт на Јемен.

– Се надеваме дека хусите ќе разберат дека интересите на Јемен и јеменскиот народ треба да се највисок приоритет на сите, изјави министерот Ал Џубер, додавајќи дека тоа е можност за хусите да покажат дека се грижат за својот народ.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ