Група лица уапсени овој месец во Саудиска Арабија под обвинение за шпионажа, биле директно поврзани со иранското разузнавање, изјави портпарол на саудиското МВР.
Тој додаде дека членовите на групата добивале пари за информации.
Ријад пред една недела објави дека се уапсени 16 Саудијци, Иранец и Либанец заради шпионажа. Според портпаролот истрагата продолжува.
Претставници на шиитското малцинство во Саудиска Арабија тврдат дека уапсените лица се од нивната заедница и изразија сомневање во вистинитоста на обвиненијата. Иран отфрла наводи дека има врска со шпионажа во Саудиска Арабија.