Саудиска Арабија одлучи да бидат прекинати авионските и трговските врски со Иран, соопштија саудиските власти.
Според соопштение на властите, воведена е забрана за патување за лица од таа држава во Иран.
– Сепак, иранските аџии ќе бидат добредојдени во Саудиска Арабија, изјави Адел ал Џубеир, саудиски министер за надворешни работи.
За да може односите да бидат обновени, Иран ќе треба да се однесува како „нормална држава“ и да ги почитува меѓународните норми, додаде министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија.