Саудиска Арабија бомбардираше позиции на Хусите по нивниот напад врз саудиски град

Од:

Авиони на земјите членки на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, бомбардираа денеска позиции на бунтовничките Хуси, во североисточен Јемен, во знак на одмазда за нивниот минофрлачки напад, врз еден саудиски град, блиску до јеменската граница.

Бунтовниците тврдат дека во денешните воздушни напади на Саудијците, врз провинциите Саада и Хаџах, се убиени најмалку 43 цивили , додека друго 100 се повредени.

Саудиските медиуми, пак, објавуваат дека во нападот со минофрлачи и со ракетите „Каќуши„ врз градот Наџран, кој е само 3,6 километри одалечен од саудиско-јеменската граница, се убени три лица.

Меѓународните хуманитарни агенции, денеска одново побараа прекин на непријателставата, заканувајќи се со повлекување од Јемен, затоа што се јавува недостиг од гориво.

Претставник на агенцијата „Спасете ги децата„ изјави дека недостигот на гориво, значи недостиг и на вода за пиење и можност за работа на здравствените служби, но недостигот на бензин и дизел гориво, значи и неможност за дотурање храна за населението.

Хуманитарците предуоредуваат дека тоа ќе значи глад за околу 80 отсто од јеменското население.

Завојуваните страни сугреираат „хуманитарна пауза„ во војувањето, за да се овозможи испорака на производите кои недостасуваат, но хуманитарците бараат траен прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ