Жените во Саудиска Арабија отсега ќе бидат следени по електронски пат. Секоја жена во таа земја мора да има свој машки старател, а новиот електронски систем праќа порака до нејзиниот сопруг и го информира дали неговата сопруга оди или се враќа во земјата.
Системот работи без прекин, без разлика дали сопругот е заедно со сопругата во дадениот момент.
Борците за рамноправност меѓу половите и за правата на жените го критикуваат овој закон, истакнувајќи дека тоа е само уште еден начин како жените во таа земја да се држат во ропство.
Саудијките не смеат да излезат од земјата без дозвола од нивниот старател, кој дава согласност за нивното заминување со т.н. ‘жолт документ’. Претходно тој документ можеше да се пополни само на аеродром, но одсега тоа се спроведува по електронски пат, за да се избегнат гужвите на аеродромите.