Саудиец казнет затоа што и дозволил на сопругата на вози

Од:

Еден 28-годишен државјанин на Саудиска Арабија заработи парична казна затоа што и дозволил на неговата сопруга да вози автомобил, објави весникот „Сауди газет“.

Саудиецот е казнет со 900 ријали (240 американски долари), откако неговата 23-годишна сопруга била „фатена“ од полицијата како го управува автомобилот на нејзиниот сопруг.

Покрај казната, на двајцата сопружници автомобилот им е одземен на седум дена, а тие добиле и „предупредување“ и морале да потпишат изјава дека „такво нешто нема да се повтори во иднина“.

Саудиска Арабија е единствената земја во светот каде на жените им е строго забрането да управуваат со возила. Од 2011 година неколку Саудијки започнаа кампања со која бараат да им се дозволи на жените да возат.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ