САД: Кучето на Бајден искаса уште еден агент на Тајната служба

Од:

Кучето на претседателот на САД, Џозеф Бајден искаса агент на американската тајна служба во Белата куќа, пренесоа американските медиуми, наведувајќи дека ова е 11-ти пат овој двегодишен германски овчар да касне член на претседателското обезбедување.

„Oколу 20 часот, униформиран полицаец на Тајната служба дошол во контакт со миленикот на претседателското семејство, кој го каснал. На повредениот полицаец му била укажана медицинска помош од стручен персонал во Белата куќа“, изјави шефот за комуникации на тајната служба Ентони Гуљелми за Си-Ен-Ен.

– Повредениот припадник на Тајната служба во разговор со шефот на неговиот оддел Алфонсо М. Дајсон потврдил дека е добро, изјави Гуљелми.

Би можело да ве интересира

Припадник на Тајната служба тврди: Да очекуваме нов обид за атентат пред ноември

Тајната служба призна дека ги одбила барањата на тимот на Трамп за засилено обезбедување

Се огласи Тајната служба по обидот за атентат на Трамп: Полицијата е виновна

(ВИДЕО) Автомобил удри во поворката на претседателот Џо Бајден

Горан Наумовски

Трамп го менува директорот на американската тајна служба