САД и Иран постигнаа договор за примирје – се чека одобрување од Трамп

Од:

Преговарачите на САД и Иран постигнаа договор за 60-дневен меморандум за разбирање со кој би се продолжило примирјето и би се покренале преговори за иранската нуклеарна програма, но американскиот претседател Доналд Трамп сè уште нема дадено конечно одобрување за договорот, јави денеска Аксиос, повикувајќи се на американски официјални лица.

Според наводите на изворите, меморандумот предвидува пловидбата низ Ормутскиот теснец да биде „неограничена“, што подразбира забрана за наплата на такси и попречување на бродовите, како и обврска на Иран во рок од 30 дена да ги отстрани сите мини од протокот. Американската поморска блокада исто така би била укината, но постепено и пропорционално со обновувањето на комерцијалната пловидба.

Меморандумот вклучува и обврска на Иран дека нема да развива нуклеарно оружје, додека во текот на 60-дневниот период на преговори, приоритетни прашања би биле решавањето на судбината на иранскиот високо збогатен ураниум и иднината на програмата за збогатување ураниум.

САД би се обврзале да разговараат за ублажување на санкциите и за ослободување на замрзнатите ирански средства, а меморандумот би вклучувал и механизам за испорака на стоки и хуманитарна помош за Иран.

Американските официјални лица наведуваат дека условите на договорот се главно усогласени уште во вторникот, но дека двете страни морале да добијат согласност од највисокото политичко раководство. Според нив, иранската страна дополнително соопштила дека ги обезбедила потребните одобрувања и дека е подготвена за потпишување на договорот, што Техеран засега официјално не го потврдил.

Американските преговарачи го запознале Трамп со деталите на договорот, по што тој побарал неколку дена за разгледување.

– Претседателот им порача на посредниците дека сака неколку дена за да размисли – изјавил еден американски функционер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

А1он

Нова „плавуша“ влегува во „Белата куќа“ – Трамп ја назначи Кејти Закарија за портпарол

А1он

Трамп збесна поради добитникот на Нобеловата награда за мир: „Ова е срамота! Јас спасив милиони животи!“

А1он

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он