Русите жестоко нападнаа град на исток, погодена е болница: тројца загинати, меѓу нив и дете

Од:

Три лица загинаа, а дванаесет се ранети синоќа во руското бомбардирање на Селидово, во близина на Доњецк во источна Украина, соопштија локалните власти. Во нападот беа погодени девет станбени згради и болница лоцирана на дваесетина километри западно од бојното поле, објави градскиот совет на Телеграм.

Меѓу загинатите има и едно дете, а меѓу ранетите има четири деца, информираат тие. Според гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, првиот напад се случил околу 23:30 часот, а вториот околу 1 часот по полноќ. Околу сто пациенти од погодената болница се евакуирани во болниците во Покровск и Мирноград, додаде тој на Телеграм.

Ниту еден извор не прецизира за каков напад станува збор – ракетен, артилериски или напад со беспилотни летала. Градот Селидово, кој пред војната имаше околу 21.000 жители, се наоѓа во околината на градот Доњецк, кој беше окупиран од Русија во 2014 година.

Руската воздушна одбрана собори два украински беспилотни летала над регионот Белгород, во близина на границата со Украина, еден е соборен над Воронеж, а шест над Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува агенцијата Риа Новости.

Според гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, една жена е ранета и хоспитализирана. Ниту Гладков, ниту руското Министерство за одбрана не пријавиле евентуална штета.

Би можело да ве интересира

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Руско МНР: Москва е против замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Присилна мобилизација во Украина, војната нема да се реши за сто дена

А1он

Трамп, не играј си ултиматуми со Русија

А1он