Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

Од:

Во напад со руски дрон врз седиштето на украински телевизиски канал во Киев, повредени се најмалку петмина. Претседателот Володимир Зеленски потврди дека нападот се случи додека новинарите известуваа во живо.

Најмалку пет лица загинаа во серијата руски напади врз Киев во текот на ноќта и денот, пишува Би-Би-Си.

Зеленски го опиша овој напад како „нова страница на руска деградација“ и сподели фотографии на кои се гледа делумно урната зграда.

Нападот врз телевизискиот канал „Ние сме Украина“ се случи и покрај договорот на двете страни за тридневна суспензија на нападите врз главните градови, постигнат за време на посетата на пратениците на Доналд Трамп на Москва и Киев минатиот викенд.

„Русија денес ги нападна медиумите и новинарите“, рече Зеленски.

Тој го повтори својот апел до сојузниците во Европа, САД и светот и порача дека Русија мора да биде запрена со заеднички напори.

Претходно денеска сирените за воздушна опасност ги предупредија цивилите во Киев да побараат засолниште поради руските напади со ракети и дронови.

Би можело да ве интересира

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски за Путин: Тој не сака војната да заврши!

А1он

Маск: „Време е Зеленски да си оди“

А1он

ВИДЕО: Зеленски изненаден од објавата на Трамп, но го прифаќа примирјето, се чека Путин