Русија: Ќе продолжиме да ги информираме САД за нашите нуклеарни активности

Од:

Русија ќе продолжи да ги информира Соединетите држави за нивните ракетни тестови и покрај суспензијата на учеството во Новиот договор СТАРТ за ограничување и контрола на нуклеарното оружје, објасни денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, а пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Да потсетиме, Рјабков вчера изјави дека сите видови известувања меѓу Русија и САД се суспендирани според новиот договор СТАРТ, на што реагираа САД и изјавија дека не добиле никакво известување од Москва што укажува на промена на информациите за нуклеарната тестови.

Рјабков потоа ја разјасни ситуацијата и им рече на новинарите дека Русија доброволно ќе продолжи да ги известува САД за лансирање ракети, иако тоа повеќе не е потребно.

„Од политичка и правна гледна точка, ситуацијата е таква што ги суспендиравме сите видови размена на информации, како и другите елементи на верификационите активности во согласност со СТАРТ. Сепак, како што беше најавено уште во февруари, Русија ќе продолжи доброволно да ги почитува централните квантитативни ограничувања утврдени во договорот СТАРТ, а исто така ќе продолжи да го спроведува договорот од 1988 година за размена на известувања за лансирање ракети“, рече Рјабков.

Новиот договор СТАРТ беше потпишан во 2010 година од поранешните претседатели Обама и Медведев. Тој стапи на сила во февруари 2011 година и требаше да трае до февруари 2026 година. Со него САД и Русија се обврзаа да имаат не повеќе од 700 интерконтинентални балистички ракети на копно и подморници и да имаат не повеќе од 1.550 нуклеарни боеви глави на нив и стратешки бомбардери.

Би можело да ве интересира

Пентагон: Кина до 2035 година може да поседува 1.500 нуклеарни боеви глави