Рубио: Ветувачки е предлогот на Украина за делумно примирје во војната со Русија

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска го оцени како ветувачки украинскиот предлог за делумно примирје во војната со Русија.

„Не велам дека само тоа ќе биде доволно, но тоа е тип на отстапка потребна за да се стави крај на конфликтот“, им рече Рубио на новинарите непосредно пред да слета во Џеда, Саудиска Арабија, каде што утре треба да ја предводи американската делегација на разговорите со украинските власти.

Американските и украинските претставници утре се среќаваат во Џеда за да разговараат за тоа како да се стави крај на конфликтот меѓу Украина и Русија, кој трае повеќе од три години.

Киев ќе предложи „прекин на огнот во воздух и во море“ со Москва, изјави денеска неименуван украински функционер за АФП, додавајќи дека ова се лесни за спроведување и следење на опциите за примирје за почеток.

Утрешната средба меѓу Американците и Украинците во Џеда ќе биде прва средба по катастрофалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа во февруари, кога дојде до вербален судир меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.

Оттогаш, Вашингтон ја суспендираше својата воена помош за Украина и размената на разузнавачки информации, а Киев се обидува да ги поправи работите со американскиот претседател.

Рубио изјави и дека се надева оти суспензијата на американската воена помош за Киев може да се реши за време на разговорите во Саудиска Арабија за војната во Украина.

Во Џеда денеска допатува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но ќе разговара со саудискиот престолонаследник и со саудиски претставници и не е предвидено да разговара со американскиот министер.

Американскиот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, рече дека на разговорите во Саудиска Арабија треба да се дефинира рамката за мировен договор и првично примирје.

Би можело да ве интересира

Рубио на средбата со Муцунски побарал НАТО сојузниците да поддржат до пет проценти извојување од БДП за одбраната

А1он

ВИДЕО: „Путин ја нападна Украина зошто мислеше дека Европа нема да реагира заради енергетската зависност“

(ВИДЕО) Рубио: Сите членки на НАТО ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана

Катерина Ѓуровски

Рубио ја критикуваше Германија за прогласувањето на АфД за екстремистичка организација

А1он

Пакистан очекува воен напад од Индија, војниците на двете земји се држат на нишан

Рубио разговараше со Лавров за следните мировни чекори

А1он