Рубио: САД не ги сфаќаат сериозно предлозите за обезбедување нуклеарно оружје на Украина

Од:

Соединетите Американски Држави не ги сфаќаат сериозно предлозите за обезбедување нуклеарно оружје на Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

Зборувајќи за изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ако на Украина и се одбие пристапот во НАТО, тогаш обезбедувањето нуклеарно оружје може да послужи како безбедносна гаранција, Рубио за американскиот портал „Брејтбарт“ изјави дека „никој не би помислил дека ова е сериозна понуда од негова страна“.

„Не сум слушнал (Зеленски) да го каже тоа, но ако го кажува тоа, мислам дека тоа не е реално барање. Ни требаат помалку земји со нуклеарно оружје, а не повеќе“ – рече Рубио.

Тој рече дека „суштинскиот предизвик“ е како да се стави крај на конфликтот во Украина, кој нема да доведе до нова војна за една, две или три години.

„Тоа е нешто за кое ќе треба да се разговара во какви било преговори. Но, мислам дека нуклеарното оружје не е одговор на тоа“, заклучи Рубио.

Би можело да ве интересира

Мерц: Не можам да верувам дека целата сала во Минхен беше на нозе за Рубио, јас не би станал

Катерина Ѓуровски

Рубио: За решавање на конфликтот во Украина, треба да се земат предвид различните гледни ставови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Рубио во Берлин и се закани на Европа, анализира CNN

Рубио оди кај Орбан и Фицо

Рубио: Европа мора да преживее, Западот мора да почне одново

А1он

Рубио: Разговорите на САД со Данска и Гренланд започнуваат денеска

А1он