Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Русија се согласува на прекин на огнот, но под услови кои бараат анализа.

– Тие се среќаваат со нас. Тие зборуваат со нас. Тие даваат предлози. Тие се согласуваат на прекин на огнот, но со услови кои треба да ги анализираме… И никогаш не реков дека ќе биде лесно – рече тој на брифингот, коментирајќи го процесот на постигнување договор, соопшти Стејт департментот.

Рубио рече дека не верува оти Русите ги одложуваат мировните преговори и оти Вашингтон треба „многу да работи на двете страни“, особено со Русите, со кои САД „не комуницираат со години“.

Тој додаде дека војната меѓу Русија и Украина е сложена и трае повеќе од три години и подвлече дека никогаш не рекол дека би било „лесно“ да се заврши војната и да се постигне мировен договор.

Рубио изјави дека не може точно да каже кога ќе биде постигнат мировен договор за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина и дека „тоа не зависи од САД“.

– Се обидуваме да постигнеме мир. Ние сме посветени на обидот да постигнеме мир онолку долго колку што е потребно. Тоа не значи дека можам да ви гарантирам договор за една недела или еден месец. Едноставно не можам да ставам временска рамка бидејќи не зависи од нас. Тоа е до Русите и Украинците. Тоа зависи и од нашите партнери во Европа кои имаат санкции кои, верувам, ќе треба да се земат предвид како дел од секој конечен договор – рече тој.

Рубио рече дека напредок е кога ќе се договорат барем деталите, бидејќи, како што наведе, треба да се утврди преговарачката позиција и кои се пречките за мир.

– Што се однесува до подготвеноста, ќе се тестира кога ќе дојде време за потпишување или ако се соочиме со пречки и се уште има отпор од едната или од другата страна, тогаш ќе знаеме. Но, се уште не сме во таа фаза – изјави американскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

Рубио на средбата со Муцунски побарал НАТО сојузниците да поддржат до пет проценти извојување од БДП за одбраната

А1он

ВИДЕО: „Путин ја нападна Украина зошто мислеше дека Европа нема да реагира заради енергетската зависност“

(ВИДЕО) Рубио: Сите членки на НАТО ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана

Катерина Ѓуровски

Рубио ја критикуваше Германија за прогласувањето на АфД за екстремистичка организација

А1он

Пакистан очекува воен напад од Индија, војниците на двете земји се држат на нишан

Рубио разговараше со Лавров за следните мировни чекори

А1он