Рубио: Понудата на Иран за отворање на Ормутскиот теснец е неприфатлива за САД

Од:

Државниот секретар на САД – Марко Рубио, изјави дека понудата на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец под строги услови не е прифатлива за САД или за други земји.

Рубио посочи дека Иран има поинаков став за овој стратешки воден пат од поголемиот дел од остатокот од светот, објави АП.

„Она што тие го мислат со отворање на теснецот е тој да биде отворен за пловидба, сè додека преминот низ него е координиран со Иран и се добие нивна дозвола, или ќе ве разнесат и ќе ве обвинат“, рече американскиот функционер.

Според Рубио, тоа не е отворање на Ормутскиот теснец.

„Тие не можат да го претстават како нормално, ниту ние можеме да го толерираме, систем според кој Иранците се тие што одлучуваат кој ќе го користи теснецот“, изјави американскиот државен секретар во интервју за „Фокс њуз“.

Претходно, Иран им презентираше нов предлог на САД за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на војната, додека нуклеарните преговори беа одложени за подоцнежна фаза, објави денес Аксиос, повикувајќи се на американски функционер и два извори запознаени со ситуацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рубио: На повидок е крај на војната

Горан Наумовски

Рубио за заканите од Иран: Тие луѓе се луди, тие се религиозни фанатици

А1он

Рубио испрати писмо до дипломатите: „Пренесете ја оваа порака до сојузниците, имате време до петок“

Мерц: Не можам да верувам дека целата сала во Минхен беше на нозе за Рубио, јас не би станал

Катерина Ѓуровски

Рубио: За решавање на конфликтот во Украина, треба да се земат предвид различните гледни ставови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Рубио во Берлин и се закани на Европа, анализира CNN