Рубио ја критикуваше Германија за прогласувањето на АфД за екстремистичка организација

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја критикуваше одлуката на германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот да ја прогласи Алтернатива за Германија за екстремистичка десничарска организација и рече дека она што е екстремистичко во Германија не е таа партија.

Германија штотуку ѝ даде на својата разузнавачка агенција нови овластувања за следење на опозицијата. Ова не е демократија, туку тиранија прикриена, изјави Рубио на социјалната мрежа Х.

– Она што е навистина екстремистичко не е популарната партија AfD, која го освои второто место на неодамнешните избори, туку официјалната смртоносна политика на отворени граници, на која AfD се противи. Германија треба да го промени курсот – рече Рубио.

Би можело да ве интересира

АфД го губи моментумот: Се топи довербата во десничарската партија

Марко Рубио: Конфликтот во Украина не е наша војна

А1он

Челичната Меркел со совет до властите во Германија: Не се однесувајте како зајак замрзнат пред змија пред АфД

Плановите на Израел за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа, предупредува Рубио

Катерина Ѓуровски

AfD e осомничена за шпионажа за Русија преку пратенички прашања

Одложена средбата Лавров-Рубио, неизвесен самитот Путин-Трамп

Катерина Ѓуровски