Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, ќе се гради метро за 22,5 милијарди долари, пишува германскиот весник Ханделсблат.
Три странски конзорциуми ќе го градат подземниот систем за јавен железнички превоз. Конзорциумите ги водат компании од САД, Шпанија и од Италија („Бехтел“, „ФЧ Констракшн“ и„Фоменто“).
Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект од овој тип во целиот свет. Мрежата ќе биде долга 176 километри и ќе вклучува шест линии.
Најавено е дека градежните активности ќе почнат во првиот квартал на 2014 година и ќе завршат до 2019 година.