Рчењето главна причина за развод

Од:

Главна причина за високата стапка на разводи во Саудиска Арабија е рчењето на мажите. Речиси 80 отсто од барања за развод жените ги поднесуваат поради рчењето, пишува „Емиратес 24-7“.

На листата следуваат мисијар договорите, кои се специфична форма на исламски брачен договор, недостигот на романтика, изгледот на мажот во домот и влијанието на западните медиуми и на филмовите врз саудиските жени.

Податоците на саудиското Министерство за правда покажуваат дека лани се разведени околу 35.000 бракови. Стапката на разводи изнесува околу 25 отсто, што е над светскиот просек кој се движи од 18 до 22 отсто. Но сепак може да се каже дека минатата година стапката била добра, со оглед дека во претходните години изнесувала над 40 отсто.

– Мисијрот е исто така важна причина за развод, бидејќи кога првата жена ќе открие дека нејзиниот маж се оженил со друга жена според мисијар договор, тој ќе почувствува опасност и тоа ќе го натера да се разведе од другата жена. На мисијарот се гледа како на привремен брак и поради тоа стапката на развод тука е голема, изјави шеикот Мохамед Ал Фалај, консултант за семејни односи.

Мисијарот е брачен договор, според кој сопружниците можат да живеат одвоено, но и во заедница, поради сексуални односи. Иако во Саудиска Арабија е дозволен и е во согласност со сунитскиот ислам, мисијарот не е толку популарен бидејќи многумина го гледаат како легален вид на проституција. Во ваквиот брак жените ги губат сите права, а 80 отсто од овие бракови завршуваат со развод.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ