Во туната уловена кај пацифичкиот брег во САД е откриено мало ниво на радиоактивност со потекло од нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.
Истражувачите од Универзитетот Орегон напоменуваат дека се работи за многу мало ниво на радиоактивност кое не е директно опасно за здравјето на конзументите.
Сепак, овие наоди фрлаат ново светло на последиците од хаваријата на јапонската нуклеарна централа.
Според новата анализа, нивото на радиоактивност кај туните уловени во САД по нуклеарната катастрофа е тројно зголемено.