Претставничкиот дом на САД гласаше за смена на својот спикер, републиканецот Кевин Мекарти.
Како што јави Ројтерс, ова е првпат во историјата Конгресот да гласа за смена на претседавачот, со 216 гласа „за“ и 210 „против“. Иницијативата за смена на Мекарти ја покрена неговиот партиски колега Мет Гец.
Ниту еден претседател на Претставничкиот дом на САД никогаш не бил отповикан од неговите колеги конгресмени.
Според американскиот Устав, претседателот на Претставничкиот дом е втор по претседателската функција по американскиот потпретседател, тој или таа ги поставува законодавните приоритети на долниот дом на Конгресот, ги контролира задачите на комисијата и може да го прекине или да влијае на агендата на Белата Куќна.
Гец се закануваше дека ќе го собори Мекарти од јануари, кога водеше партиски бунт против него, принудувајќи го да издржи 15 исцрпувачки кругови на гласање.
Тензиите меѓу двајцата републиканци зовреа во текот на викендот откако спикерот Мекарти, поддржан од демократите, ги освои потребните гласови за усвојување на нацрт-законот за привремено финансирање на владините агенции.
Сепак, буџетскиот договор постигнат доцна во саботата не одобри финансирање од шест милијарди американски долари на официјалниот Киев, бидејќи конгресменот Гец од Флорида и другите ултраконзервативци инсистираа дека САД потрошиле премногу пари за војната на Украина со Русија.