Пророштвото на Баба Ванѓа за враќањето на Доналд Трамп на чело на САД

Од:

Доналд Трамп е новиот претседател на САД откако ја победи демократската кандидатка Камала Харис. Така по втор пат беше избран да ги води САД, а претседателскиот мандат првпат го доби пред осум години, односно во 2016 година, кога победи уште една жена – Хилари Клинтон.

Бугарската пророчица Баба Ванѓа предвиде дека Доналд Трамп повторно ќе биде на чело на земјата. Таа знаеше дека тој ќе се врати како претседател, но истакна дека ќе има мистериозна болест поврзана со него.

Една од најголемите пророчици на 20 век изјавила дека 2020 година ќе биде страшна за Доналд, дека ќе добие болест поради која ќе има мачнина, оштетување на мозокот и губење на слухот, а некој од неговото семејство ќе доживее сообраќајна несреќа.

Трамп не го загуби слухот, но во јули оваа година, на предизборен митинг во Пенсилванија, горниот дел од десното уво му беше прободен откако беше пукано врз него на митинг.

Од публиката се слушаа врисоци. Трамп го стегна десното уво додека агентите на Тајната служба го тргнаа од бината. Подоцна на социјалните мрежи објави дека е добро.

– Корона ќе биде насекаде околу нас – наводно рекла слепата пророчица непосредно пред смртта во 1996 година.

Во 2020 година короната беше дијагностицирана и кај американскиот претседател и кај неговата сопруга Меланија Трамп.

– Веднаш ќе го започнеме карантинот и заедно ќе го поминеме ова – напиша тогаш Трамп на социјалните мрежи.

И додека многумина мислат дека предвидувањата на баба Ванѓа се најобични глупости, нејзините обожаватели тврдат дека таа го предвидела доаѓањето на власт на некои од најмоќните светски лидери како Владимир Путин и Доналд Трамп, како и природни катастрофи кои го одбележаа 20-тиот и 21-от век.

Би можело да ве интересира

Инаугурацијата на Доналд Трамп преместена во затворен простор поради студеното време

А1он

Има ли шанси Трамп и Путин да се сретнат во Белград?

А1он

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Бајден шокиран од Трамп: Страшно

Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација

А1он

Трамп ја загуби жалбата во случајот против новинарката Џин Керол, мора да плати 5 милиони долари

А1он