Прогласена фатва во Саудиска Арабија против правење снешко белчо

Од:

Еден висок исламски предавач во Саудиска Арабија прогласи фатва против сите оние кои ќе направат снешко белчо. Фатвата важи за целата територија на оваа голема пустинска земја на Арабискиот полуостров и се оправдува со „сквернавењето на исламот“.

Исламскиот предавач Мухамед Салех ал Минџед изјави дека правењето „снежен човек“ не е во согласност со исламот. Тој рече дека против исламската религија е и правење ликови и фигури на животни и ги предупреди луѓето да не прават работи кои се против нивната вера.

Ал Минџед дозволува од снег да се прават фигури на „нешта кои немаат душа“ како што се бродови, овошје, или згради.

Фатвата значи пресуда и право на секој „чесен муслиман“ да може да казни (убие) „невереник“ или оној што се огрешил од исламските канони, за „деликт“ за што е прогласена фатва.

Ваква казна беше изречена против британскиот писател, по потекло муслиман од Индија, Салман Ружди за неговата книга „Сатански стихови“.

Поранешниот ирански ајатолах Хомеини објави фатва за Ружди, давајќи им право на сите муслимани да го убијат, па тој долги години живееше со специјална полициска заштита.

Засега нема никаква реакција од саудиските власти на фатвата на исламскиот предавач Ал Минџед околу правење снешко белчо. Во Саудиска Арабија секој висок религиозен функционер може да прогласи фатва, но таа мора да биде во согласнсот со законите на земјата.

Саудиска Арабија е втората најтопла земја во светот и во неа снегот е реткост. Но минатиот месец во североисточната област Табук, оддалечена повеќе од илјада километри од главниот град Ријад, заврна снег по многу години. Таа ретка можност некои ја искористија да прават фигури од снегот, по што уследи фатвата на исламскиот предавач Мухамед салех ал Минџед.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ