Претседателот на Мјанмар смета дека армијата ќе ja заштити државата

Од:

Претседателот на Мјанмар, Теин Сеин денеска изјави дека армијата со напдите на бунтовничките бази на северозападor на државата од завчера дејствува за да ги зачува територијалниот интегритет и сувереноста на државата.

Со оваа изјава тој ги потврди сомнежите дека во провинцијата Шан бунтовниците од Коканг племенската заедница добивале логистичка поддршка и оружје од соседната Кина.

Во Пекинг нема ни потврда, ни деманти на пишувањата на мјанмарските медиуми под државна контрола, кои ги обвинија Кинезите од провинцијата Јунан за мешање во внатрешните судири во Мјанмар.

Според агенцијата Хсинхуа, Кина е загрижена поради случувањата на нејзината граница со Мјанмар, но помошта на Кина била ограничена само на згрижувањето на околу 30.000 бегалци кои деновиве побегале од подрачјето на судирите. На бегалците им биле обезбедени храна, медицински препарати и карантин.

Хсинхуа ја пренесува и изјавата на провинциските власти од Јунан дека состојбата во граничното подрачје меѓу Кина и Мјанмар е стабилна и во која се изразува надеж дека судирите ќе завршат со помирување меѓу двете страни.

Во последиците од жестоките вооружени судири меѓу бунтовниците и армијата што започнаа на 9 февруари, според досега соопштеното, загинале 47, а ранети се 73 припадници на мјанмарската армија.

По жестоките напади на бунтовниците, од неделата наваму нивните упоришта жестоко ги напаѓа и мјанмарската воена авијација.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ