Претседателот на Јужна Кореја ги прекина неформалните брифинзи за медиумите поради Ковид-19

Од:

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол ќе ги прекине неформалните прес-брифинзи што ги одржува речиси секојдневно откако ја презеде функцијата во мај, соопшти денеска неговиот кабинет.

Како што се наведува, зголемениот број заразени со коронавирусот е една од причините за ваквата одлука.

Прекинот на брифинзите доаѓа во време на се почести прашања за скандали и партиски превирања, коментираат светските медиуми.

Истражувањето на агенцијата Рилметерс (Realmeters) покажа дека рејтингот на јужнокорејскиот претседател денес е 37 отсто, што е значителен пад од повеќе од 52 отсто во првата недела од јуни, додека 57 отсто од луѓето сега не ја одобруваат неговата работа.

Кабинетот на Јун во соопштението наведе дека и другите известувања за претседателот исто така ќе бидат ограничени, и оти портпаролите ќе пишуваат коментари, заедно со фотографии и видеа од неговите настани, наместо да одржуваат брифинзи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Ли Сунг Јун: Сакаат се да кренат во воздух, денес се можни експлозии

Јужна Кореја: Подготвени сме да соработуваме со Северна Кореја

Горан Наумовски

По обилните дождови во Јужна Кореја поплавени куќи и патишта

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Кореја: Пријавени штети на згради

Јужна Кореја: Бројот на жртви од невремето се искачи на 21