Во Мјанмар денеска започна новата, според властите пресудна, фаза на мировните преговори со 29 претставници на племенски и верски заедници кои над четири децении водат оружени борби против централните власти. Главниот владин преговарач, поранешниот генерал и висок функционер на доскорешната воена управа, Аунг Мин на почетокот на преговоите, што се предвидува да траат цела недела, изјави дека ова е пресуден период за договор за остварување на мир во сите, особено во пограничните региони.
Аналитичарите потесетуваат дека до сега се усогласени 101 од 106 точки на нацрт мировниот договор, а останува да се решат не толку спорни точки околу степенот на автономијата на регионите. Според нив, охрабрува податокот дека пред овие средби сите водачи на вооружените бунтовнички групи одржале три состаноци на кои се договорени заеднички, според нив за сите прифатливи ставови.