Поради пожар во Калифорнија се евакуираат 26.000 луѓе

Од:

Најмалку 26.000 луѓе се принудени да се евакуираат поради ширењето на шумски пожар во Северна Калифорнија.

Пожарот избувна во вторникот на околу 110 километри северно од Сакраменто, во близина на градот Оровил, а беше прогласена и вонредна состојба и беа воспоставени центри за евакуација, пренесува АП.

Ширењето на огнот беше запрено по јужниот раб на градот, а пожарникарите се обидуваа да изградат линии за задржување на северниот раб на градот.

Би можело да ве интересира

Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, поради што се евакуирани 1.200 луѓе

Горан Наумовски

Лос Анџелес: Седум пожарникари повредени во експлозија на камион, двајца се во животна опасност