Поројните дождови што во последниве три дена паѓаат во Мјанмар предизвикаа поплави во централните и северозападните делови на државата. Локалните медиуми соопштуваат дека во поплавите вчера и денеска настрадале најмалку 10 лица.
Четворица од загинатите биле на мост стар над 100 години и го гледале надојдувањето на реката, но буицата го срушила дрвениот мост.
Во делови на Мјанмар во петокот се регистрирани дури 170 литри дожд на метар квадратен.
Иако донесоа поплави, дождовите се добредојдени по тримесечната суша која ги погоди Мјанмар и повеќе држави во регионот на југоисточна Азија. Во повеќе населени места во провинцијата Шан постојано се дежуран, бидејќи во овој планински дел на Мјанмар постои опасност од лизгање на земјиштето.