Бестрашниот 67-годишен Полјак, Александар Доба, тврди дека го преминал Атлантскиот океан со кајак, препловувајќи шестмесечен пат од Португалија до Флорида долг 8.000 километри.
Александар Доба стигнал на крајното одредиште во четвртокот вечерта околу 23.20 часот, објавил тој на својот профил на Гугл +, покрај фотографијата на која не може да го сокрие своето воодушевување.
Полјакот допловил до Кејп Канаверал во жолто-бел кајак долг шест метри, наречен Оло.
Авантурситот со долга брада, на пат тргнал на 5.октомври од Лисабон, а морал да застане на Бермудскиот триаголник за да го поправи својот кајак.
– Кажа дека е многу уморен поради последните три вечери , преминувајќи ја Голфската струја, не можел да спие – изјавил преведувачот на Доба за американските медиуми.
На Флорида пристигнал уморен, но со добро здравје, а го дочекале членовите на американско-полското здружение со транспаренти со поддршка и песна.
Доба во Полска работел во хемиската фабрика во местото Полице, во близина на германската граница. Оженет е и има две деца и внук.