Поканата на Трамп до Си Џинпинг за инаугурацијата го изненади Пекинг

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува во Вашингтон следниот месец на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавува CBS News, повикувајќи се на свои извори.

Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да присуствуваат на инаугурацијата, како што е стандардна практика.

Изворите изјавија дека може да им се придружат и други официјални лица од Пекинг.

Според американската телевизија, поканата до Си, која била пренесена надвор од формалните дипломатски канали, ги изненадила и Пекинг и сојузниците на САД, во време на зголемена тензија во односите меѓу двете земји.

Претходно, прес-секретарот на Трамп, Каролин Ливти, потврди дека новоизбраниот американски претседател го поканил Си Џинпинг на неговата инаугурација, закажана за 20 јануари 2025 година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања

А1он

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он