Куќи и патишта се поплавени во Јужна Кореја по невремето придружено со силен дожд и силни ветрови, а во прекин е и воздушниот и поморскиот сообраќај, соопштија денеска властите.
Невремето предизвикало бројни лизгања на земјиштето, а во некои области имало и прекин на електричната енергија, соопштија противпожарната служба и локалните власти.
Поради обилните врнежи од дожд кои почнаа вчера, на меѓународниот аеродром Џеџу на истоимениот остров откажани се 18 домашни летови, а 13 домашни и меѓународни летови.